Фрлена непозната течност во скопскиот Катастар, искршени и прозорци
Непознато лице ги искршило прозорците од канцеларија во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, на улицата „Дрезденска“. Внатре биле фрлени две пластични шишиња со непозната течност.
Како што соопшти МВР, случајот е пријавен во полиција изутринава во 7:15 часот.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.