(ФОТО/ВИДЕО) На денешните избори во Русија гласаа и мечка, ракета, и зет и невеста
Русија денеска гласа за претседател, а се уште најголем фаворит се смета дека е Владимир Путин. Денеска на гласачките кутии, Русите уште еднаш ја покажаа нивната креативност и смисла за хумор.
Се појави човек кој беше маскиран во мечка, потоа се поајви друг кој беше прерпавен во ракета. На гласањето утрово меѓу првите дојдоа и зет и невеста кои решиле прво да ја сотварат својата граѓанска должност па потоа да продолжат со нивната свадбена церемонија.
“Моржи” из “Федерации закаливания и спортивного зимнего плавания” проголосовали в Барнаулеhttps://t.co/N8NNqvkMBB pic.twitter.com/lD20MtckXy
— РИА Новости (@rianru) March 18, 2018
На гласачките кутии беа затекнати и полуголи мажи.
Во трката за претседател на Русија се осум кандидати.
Според анкети, Путин има поддршка од околу 80 отсто граѓани, што лесно може да му обезбеди уште еден шестгодишен мандат.
В Татарстане впервые проголосовали молодожены — Камилла Вахапова и Артур Суровцев, зарегистрировавшие отношения в день выборов. Вместе с ними на участок пришли еще 40 гостей свадьбы https://t.co/N8NNqvkMBB pic.twitter.com/KMw93LHWL8
— РИА Новости (@rianru) March 18, 2018
Путин за првпат беше избран за претсеател во 2000 година. Оваа година е независен кандидат.
Меѓу останатите кандидати се лидерот на Либералната демократска партија на Русија, Владимир Жириновски, бизнисменот Павел Грундин како кандидат на Комунистичката партија, соосновачот на Јаболко, Григориј Јавлински, лидерот на Партијата на прогресот и економски омбудсман, Борис Титов, шефот на партијата Руски општонароден сојуз Сергеј Бабурин, ТВ водителката и политички активист Ксенија Собчак и лидерот на Комунистите на Русија, Максим Суракин.
В деревне Горбунки Ломоносовского района Ленобласти на избирательный участок пришел местный житель в костюме межконтинентальной ракеты “Сармат”https://t.co/N8NNqvkMBB pic.twitter.com/DMtSxdh19A
— РИА Новости (@rianru) March 18, 2018
На речиси 97.000 избирачки места може да гласаат околу 110 милиони гласачи (од нив 1.875.408 во странство).
На сите избирачки места има веб-камери што би требало да обезбедат контрола на почитувањето на изборниот процес.
Изборите ги следат повеќе од 144.000 набљудувачи (рекорден број), од кои 1.500 меѓународни набљудувачи од 109 држави.
Сите избирачки места ги чува полицијата, а само во Москва за безбедноста се ангажирани повеќе од 17.000 полицајци.
Изборите ги „покриваат“ околу 400 странски новинари и вкупно 13.200 новинари ширум Русија.