(ФОТО) Хрватска: Средношколец ги жигосувал соучениците со усташки симбол
Во задарската Економско-биотехничка и трговска школа ученик во средното училиште од прва година со вжарен предмет во форма на латиничната буква „U”, ги жигосувал соучениците.
Сè се случувало за време на часовите, објави „Задарски лист“. Едно девојче се здобило со две изгореници на раката, додека едно момче добило изгореница на вратот.
Тој на соученичката од класот ѝ рекол дека го сторил тоа бидејќи му бил здодевно и дека сакал само да се пошегува.
„Прво ми беше страв да му кажам на професорот што се случи бидејќи една девојка од класот ми се закани дека ќе ме повреди и дека ќе ме обеси ако кажам некому. Кога дојдовме на часот по физичко, имав облечен маичка по кратки ракави и професорот забележа дека имам изгореница на раката и ме праша што е тоа. Потоа му кажав што се случило и тој сите заедно нѐ испрати кај педагогот кој ми ја намачка раката со крем и ја повика класната“, рече уплашената ученичка.
Докторот ѝ рекол дека жигот ќе ѝ остане засекогаш на кожата.
Со тинејџерката во училиштето дошол и нејзиниот татко Адем Шала, кој е истакнат член на албанската заедница во Задар. Тој ги информираше медиумите за случајот.
Strava u zadarskoj školi:
Učenik na nastavi kolegici žigosao slovo U na ruku i rekao joj: 'Sad se možeš hvaliti da si ustaša' https://t.co/TdY3XXe5rj pic.twitter.com/AK1vN7SAtu— Jutarnji List (@jutarnjihr) February 7, 2019