(ФОТО) Убиен братучедот на Ријана, пејачката скршена од болка
Светски популарната пејачка Ријана претрпе голем шок, откако нејзиниот братучед Тавон Алејн (21) беше убиен на Барбадос.
Пејачката преку емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својот роднина.
Тавон е убиен со пиштол. Убиецот му пришол од зад грб и пукал неколку пати.
Полицијата не соопштува детали кој е убиецот и кој е мотивот за убиството.