(Фото) „Ројал Аскот“: Уникатна ревија на откачени шапки
Англија– На славните коњски трки во Англија повеќе се зборува за модата отколку за спортските резултати. „Ројал Аскот“ е еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што жените имаат можност да носат неверојатни креации на шапки.
Секоја година на овој традиционален настан можат да се забележат откачени и уникатни модели кои ги отсликуваат последните трендови. Според правилата на самиот настан, секоја дама мора да носи шапка, па затоа тие се трудат да носат што поинтересно уметничко дело на својата глава.
На трките секогаш присуствуваат дамите од кралското семејство. Годинава, во центарот на вниманието беше Меган, војвотката од Сасекс, во отсуство на Кејт, војвотката од Кембриџ која останала дома да ги чува децата зашто принцот Вилијам е на значаен бизнис форум.