(Фото) Непознатата Гага во американскиот „Вог“
САД– Лејди Гага покажува минималистички стил на насловната на октомвриското издание на американскиот Вог.
Фотографирана од Inez & Vinoodh, Гага е облечена во црн Brandon Maxwell фустан и обетки од Ana Khouri.
За внатрешната фотосесија, Гага позира во импресивен, сензуален и елегантен стил, носејќи креации од Шанел, Живанши, Џими Чу и други луксузни модни марки.
Во интервјуто, таа зборува за работното искуство со Бредли Купер во филмот ‘A Star is Born’ кој имаше премиера на Венецискиот филмски фестивал.