(Фото) Кајли Џенер има најскапа колекција на чанти „Биркин“
САД-Најмладата милијардерка од кланот Кардашијан-Џенер -Кајли Џенер има најскапа колекција на чанти „Биркин“.
Кели или Биркин? Кој стил повеќе ви се допаѓа? Луксузните чанти од кожа со врвен дизајн на „Хермес“ во чест на актерките-икони Греј Кели и Џејн Биркин, (ги разликува рачката) се уште е симбол на престиж и недостапност.
Чантите Кели (промовирана 1956 година) и Биркин (промовирана 1984 година), на почетокот носеле етикета на гламур каков што може да си дозволи само мал круг на најбогатите жени на светот, а потоа стана задолжителен аксесоар на ѕвездите.
Суверено владеат со модната сцена и по кои не се намалуваат листите за чекање.
Денес не можат да им одолеат ниту мажите, како што се дизајнерот Марк Џејкобс или пејачот Фарел Вилијамс, а не постои ниту позната актерка, пејачка, модел или старлета која не поседува своја „биркинка“ или „кели“.
„Биркинката“ има повеќе причини зошто е статусен симбол. Секако, пред се поради високата цена која оди од 7000 до 70 000 евра. Доста е важен и квалитетен начин на изработка, како и фактот дека е изработена од врвна кожа. Чантите се дистрибуирани во бутиците на брендот „Хермес“ кој ги произведува во непредвидливи распореди и ограничени количини што дополнително создава чувство на ексклузивност.
На крајот, „Хермес“ е познат по тоа своите производи одбива да им ги дава на познатите фаци жедни по бесплатни креации кои би ги „рекламирале“, така што славата не значи ништо – и познатите мораат да чекаат на „биркинки“ и „кели“ чантите.