(Фото) Бел џинс: Класиката стана тренд
САД– Од Карли Клос до Кејт Мос, од Бијонсе до Бела Хадид. Сите во лето му се навраќаат на белиот џинс кој може да биде и свечен, деловен и кежуал. Зависи каде го носите и со што го комбинирате. Спортски изгледа со црна маица како што го комбинираше стилската икона Џеки Кенеди, деловен со костум во кој изгледаше аристократски леди Дијана или едностоставен за на плажа.
Белиот џинс е благодарен кога се во прашање модни додатоци. Оди и со мал и голем накит, со марама, летна шапка, со патики, сандали, ниски и на висока потпетица, со апостолки, со мокасинки…
Во белиот џинс доаѓа до израз пред сѐ личноста а потоа модата…