Форбс: Кети Пери е најплатена ѕвезда во 2018


САД- Кети Пери ја симна од тронот Тејлор Свифт како најплатена поп-ѕвезда во 2018, според „Форбс“. Кети заработила 83 милиони долари, најмногу од турнејата и како судија во американски „Идол“, наспроти Тејлор Свифт која е втора на листата со 80 милиони долари заработка.

Меѓу првите десет се и Бијонсе (60 милиони), Пинк (52 милиони), Леди Гага (50 милиони), Џенифер Лопез (47 милиони), Ријана (37,5 милиони), Селин Дион (31 милиони) и Бритни Спирс (30 милиони).