Филмот на Јани Бојаџи доби награда на филмскиот фестивал во Монтреал
Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи доби награда на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада.
Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а вчера на свеченото затворање на фестивалот му беше доделена награда за иновативност.
„Почитувани колеги, пријатели! На вчерашната церемонија за свеченото затворање на 42 то издание на Монтреал Ворлд Филм Фестивал, на филмот ,,Ругање со Христос,, му е доделена единствената НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ! Му благодарам на жирито“, напиша режисерот Бојаџи на својот фејсбук профил.
„Ругање со Христос“ деновиве ја бранува домашната јавност откако министерот за култура Асаф Адеми го окарактеризира како навредлив за Албанците.
- Министерство за култура: Филмот „Ругање со Христос“ е навредлив
- Јани Бојаџи, режисер на „Ругање со Христос“: Мене веќе ми пресудија
- Инспектори ќе ја чешлаат Агенција за филм: Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи