Филмот „Квадратот“ ја освои наградата за Европски филм на годината


„Квадратот” на шведскиот режисер Рубен Естлунд синоќа беше прогласен за победник на церемонијата за доделувањето на 30-тите Европски филмски награди, кои ги доделува Европската филмска академија.

Номинираниот за Оскар филм, кој веќе ја освои Златната палма на фестивалот во Кан оваа година, ги собра наградите за најдобар европски филм на годината, за најдобра европска комедија и за најдобро сценарио, како и за најдобар режисер за Јостлунд и за најдобар актер за Клес Каспер Банг од Данска.

Унгарката Александра Борбеј ја освои наградата за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „За телото и душата”, филм награден со „Златна мечка” на овогодинешното Берлинале.

Француско-американската актерка Џули Делпи беше наградена за Европски придонес кон светската кинематографија..

На црвениот тепих на гала вечерта се појавија голем број ѕвезди, како Жулиет Бинош, Марија Шрадер, Вим Вендерс, Ај Вејвеј, Улрих Матес и Хана Шигула.