Фејсбук ги краде податоците и преку игрите
Фејсбук крадел лични податоци на неговите корисници дури и преку игрите, тврди поранешниот менаџер на компанијата Сенди Паракилас, додавајќи дека профилите на социјалната мрежа претсавуваат „стока која секојдневно се продава“.
Паракилас, кој во Фејсбик работел во 2011 и 2012 година како лице одговорно за почитување на правилата за заштита на податоците на корисниците, во изјава за „Вашингтон Пост“ вели дека во тоа време не бил премногу загрижен за заштитата на податоците, но дека аферата со „Кембриџ Аналитика“ го поттикнала да проговори за овој случај.
Според него, податоци за корисниците биле „крадени“ и преку големиот број популарни игри на Фејсбук, вклучувакјќи ги и „Кенди краш“ и „Фармвил“.
Паракилас вели дека секогаш кога еден корисник ќе прифати некоја апликација преку Фејсбук му се појавува „прозорец“ со кој се бара дозвола за пристап до неговите податоци. Станува збор за податоци кои се јавни на секој профил, како име и презиме, фотографии, лајкови и слично, но апликацијата добивала и пристап до информации кои корисникот ги чува како тајни.
– Во времето кога „Кембриџ Аналитика“ прибираше податоци за корисниците, Фејсбук им дозволи на програмерите пристап и до податоци на пријателите на корисниците, дури и ако тие не ја инсталирале апликацијата, ниту пак и дозволиле да ги користи нивните податоци. Тоа на програмерите им овзоможи за кусо време да создадат огромни бази на податоци, вели Паракилас, додавајќи дека објавувањето на аферата со „Кембриџ Амалитика“ потврдува дека таа практика продолжила и по неговото напуштање на Фексбук.
Според него, постои и опција да се забрани можноста апликацијата да има пристап до податоците на пријателите на корисниците, но таа се наоѓа „задскриена“ во поставките на Фејсбук и ја нема на сите јазици, па затоа само мал број корисници знаат за неа.
– Она што е најлошо е тоа што кога еднаш тие податоци од серверот на Фејсбук ќе преминат кај програмерите, Фејсбук веќе нема контрола врз нив, ниту знае за каква цел ќе бидат користени, додава Паракилас.
Тој за „Вапингтон Пост“ наведува и еден случај од 2011 година, кога Фејсбук открил постоење на апликација наречена „Клоут“, која на социјалната мрежа отворала профили чии сопственици се претставувале како деца. При тоа не станувало збор за вистински деца, туку за „профили духови“ создаден од самата апликација врз основа на податоците добиени од корисниците кои ја употребувале „Клоут“.
– Моја задача беше да се јавам кај шефовите на „Клоут“ и да ги прашам дали со апликацијата кршат некои од правилата на Фејсбук, затоа што ниту можев да видам, ниту да знам што прават со тие податоци. Тие ме уверуваа дека не прекршиле ниту едно правило. Јас им повторив дека мора да се придржуваат до нашите правили и тоа беше крај на разговорот, додава Паракилас.
Соред него, Фејсбук не презел ништо во врска со ова прашање, ниту пак го спречил „Клоут“ да продолжи да прибира податоци на корисниците.
Паракилас додава дека можело лесно да се види дека „Клуот“ ги крши правилата за приватност, но дека постоелие и „уште пострашни работи“ со апликации кои не можеле лесно да се отркијат.
Тој смета дека Фејсбук никогаш јавно не проговорил за овие проблеми затоа што не сакал јавноста да дознае за „големата дупка“ и слабостите на системот задолжен за безбедноста на податоците.
– Во 2012 година изработив голема презентација за главниот менаџмет со која им укажав на сите недостатоци на системот. Им објаснив дека имаме многу пропусти во системот и дека корисниците се опасно изложени на надворешни влиајнија. Тој документ го исптарив до сите, но добив многу малку, речиси никакви, повратни одговори, вели Паракилас за „Вашингтон Пост“.
Фејсбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика“ и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение.
Сопственикот и основач на Фесјбук, Марк Цукерберг досега не се огласи во врска со овој скандал.