Украдени 15.000 евра од стан во Скопје


Во полицијата е пријавена кражба на 15.000 евра од стан на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, која се случила  изминатиот викенд.

И.И (37) вчера изутрина пријавил дека е извршена тешка кражба во неговиот дом.  Крадецот со употреба на клуч-клауз делувал на бравата и ја отклучил по што влегол во станот и одзел околу 15.000 евра по што го напуштил местото на настанот, навеудва Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.