Турски театар од Скопје со „Отело“ ќе гостува во Бурса, Турција


Турскиот театар од Скопје на 8 март, ќе гостува на Меѓународен театарски фестивал на Балканските земји во Бурса, Турција.

Ансамблот на Турски театар ќе ја изведе претставата „Отело“ по текст на Шекспир во режија на Дејан Пројковски.

Главен соработник на режија е Сибел Абдиу, а асистент е Теодора Силјаноска.

Во претставата играат Џенап Самет, Сузан Акбелге, Селпин Керим, Осман Али, зубејде Али и Неат Али. Кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Татјана Христоска Блажевска, а нејзина асистент е Милан Несторов. Музиката ја напиша Горан Трајковски, а костимографијата е на Тања Кларис. Преводот го подготви Оздемир Нутку.

Режисерска експликација Пројковски ја посвети на актерите и сите колеги позади сцената со кои создаваат заеднички соништа.

– За актерите со кои се разбираме со поглед, со дишење, со отчукувањата на срцата. За актерите кои живеат за мигот , за она неразбирливото , за она што не се кажува со зборови, за оној свет во која што ако не веруваш неможе да постои. За Селпин, Џенап, Сузан, Осман, Зубејде, Неат. За актерите со кои ги градиме и создаваме соништата. Секое креирање на нова претстава со нив, само ми потврдува дека сè уште има актери кои посветено работат и живеат во име на театарот. Во име на мигот кој го создаваме, мигот наречен театар. Токму затоа оваа режисерска експликација е за моите актери преку кои јас и вие драга публико ја слушаме тишината на сцената – запиша Пројковски во режисерката експликација.