„Ту челос“ се распаѓаат: Стјепан и Лука секој на своја страна
Хрватска- Стјепан Хаусер, за хрватската РТЛ најави дека од идната година, тој и Лука Шулиќ ќе тргнат на различна страна.
-Не чекаат турнеиите низ Австралија и низ САД до април, идната година. Имавме напорни 8 години и време е да размислиме што понатаму, вели Стјепан.
Лука ќе се посвети на семејството, ќерката и сопругата, а Стјепан ќе заплива во соло водите.
Виртуозите на виолончело, препознатливи по преработките на светските поп-хитови, на 19 октомври приредија незаборавна вечер на концертот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.