Три години во руски затвор поради еден клик со глувчето


Ставањето еден лајк на публикација на интернет, која содржела текст и слика со „молотови коктели“, било доволно Сергеј Панарин да биде испратен на тригодишна робија во руски затвор во Сибир во 2015 година под обвинение за поддржување тероризам.

Целата казна ја отслужил во затвор во Сибир, каде што затворениците и персоналот со неверување ја слушале причината поради која бил затворен, како што вели тој, поради клик со компјутерски глушец.

Панарин вели дека чуварите се однесувале со него „нежно“, му дале да работи во затворската библиотека, а еднаш добил задача да постави табла со антитерористичка порака во затворот. Покрај тоа, тој бил во затвор со други затвореници кои отворено му рекле дека се затворени поради тоа што дистрибуирале материјал со терористички содржини преку интернет.

Во едно од првите интервјуа откако беше ослободен, Панарин, кој инаку бил политички активист, вели дека, врз основа на неговиот случај, сфатил дека во Русија денес секој може да се најде зад решетки.

(RSE)