Тргнува од Лос Анџелес: Светска промоција на „Педесет нијанси ослободени“


САД- Дакота Џонсон и Џејми Дорнан започнуваат со активна промоција на последниот дел од трилогијата „Педест нијанси“- „Педесет нијанси ослободени“. Продолжението на настаните се започнати со блокбастерите во 2015 и 2017 кои заработија речиси 950 милиони долари низ светот.

Холивудските актери, кои ги добија улогите на Кристијан Греј и Анастасија Стил, присуствуваа на отворањето на тридневен настан во Вест Холивуд во чест на „Fifty Shades Freed“.

Ѕвезденото дуо шармираше на настанот во елегантно издание. 28-годишната актерка избра црвен фустан од Cushnie et Ochs, додека 35-годишниот актер заведуваше во костум од Hermès.

Од „Вог“ ќе речат дека стајлингот на Дакота е вистинска инспирација за претстојниот „Ден на вљубените“.

 

Премиерата „Педесет нијанси ослободени“  распродадена во Скопје

Филмот е на репертоарот во „Синеплекс“ во Скопје од четврток. Распродадени се сите 12 проекции за тој ден, а и во наредните денови.

„Педесет нијанси ослободени“ е режиран од режисерот на „Педесет нијанси потемно“ (Страв, Куќа од Карти) и уште еднаш во продукција на Мајкл Де Лука, Дана Брунети и Маркус Висциди, покрај Е Л Џејмс, творецот на блокбастер серијата. Сценариото е на Ниал Леонард, според романот на Џејмс. Во последното продожение улога има и Ким Бесинџер.