Традиционалниот концерт на Сараевската филхармонија во знакот на Македонија


Со „Поздрав од Скопје”, солистите на Македонската опера и балет, Наде Талевска (сопран) и Никола Стојчески (тенор), синоќа го отворија меѓународниот фестивал на културата во Сараево „Башчаршиски ноќи“.

Со оркестарот на Сараевската филхармонија диригираше маестро Иван Еминовиќ.

Како што соопшти МОБ, по изведбата, нашите солисти беа поздравени со бурни овации.

„Башчаршиски ноќи” е најголемиот летен фестивал на културата во Сараево на кој гостуваат многу европски и меѓународни уметници