Тотенхем во преговори со Дембеле за продолжување на соработката


Фудбалерот од средниот ред, Муса Дембеле и Тотенхем сепак влегоа во разговори за обновување на соработката, јавија медиумите на Островот.

Белгискиот играч има актуелен договор што истекува во јуни во 2019 година.

Пред извесно време тој одби да разговара за нов договор без покачување на неделната плата на 100.000 фунти. Но, сега е очигледно дека Тотенхем, сепак, ќе прифати да го задоволи таквото негово барање.

Дембеле (30) има 34 натпревари за „спарси“ во оваа сезона во сите натпреварувања.

Премиерлигашот од Лондон, исто така, започнува разговори и со јужнокорејскиот играч од средниот ред Сон Хјун-Мин нудејќи му подобрени услови за продолжување на верноста.