Топ-моделот Кејт Аптон роди ќерка
САД- Манекенката и актерка Кејт Аптон (26) и бејзбол играчот Џастин Варлендер (35) станаа родители, а нивната наследничка се вика Женевив Аптон Варлендер. Кејт се породи на 7-ми овој месец, но дури денес на социјалните мрежи објави фотографија од ќерката.
Манекенката одлучи на обожавателите да им ја соопшти среќната вест, па со нив сподели емотивна фотографија.
И Џастин со гордост објави фотографија од ќерката со коментар „Добродојде на светот Женевив Аптон Варландер. Го украде моето срце штом те погледнав.“
Аптон, од престижниот магазин „Максим“ е прогласена за најсексапилна жена во 2018.
Двојката, по три години врска, лани се венча во Тоскана, Италија.