Тејлор Свифт по 12 години ја смени издавачката куќа
САД- Поп- ѕвездата Тејлор Свифт (28) потпиша нов договор со Universal Music Group. Од 2006 година до денес настапуваше под етикетата на Big Machine Record. Со поранешниот издавач продаде над 32 милиони албуми ширум светот.
Последниот албум „Reputation“ постигна многу важен успех, како што вели „Билборд“, преминувајќи ја границата од 2 милиони продадени примероци за една седмица. Ова е првиот албум што успеа да го направи ова по албумот „25“ на Адел во 2015 година, еден од малкуте албуми кои постигнаа платинеста продажба во последнава декада.
На албумот на Свифт му требаше малку повеќе време да ја премине оваа граница, со 18 седмици од објавувањето, во споредба со Адел, чиј албум ја достигна оваа цел за три дена. Дури и претпоследниот албум на Свифт „1989“ достигна ваков успех во рок од три седмици. Сепак, сега Свифт може официјално да се пофали дека сите нејзини шест албуми успеаја да ја надминат бројката од 2 милиони.
Ова е сепак многу голема работа, особено зашто „Reputation“ е еден од двата албуми кои ја надминаа бројката од 1 милион во 2017 година, заедно со албумот „Divide“ на Ед Ширан. Ова е огромна разлика од продажбата пред една декада, кога триесетина албуми можеа да се пофалат со продажба над 1 милион примероци.
Тејлор Свифт годинава освои четири награди, меѓу кои и онаа за изведувач на годината на овогодишните Американски музички награди, победувајќи ги Дрејк, Ед Ширан, „Имеџин дрегонс” и Пост Малоун.
Свифт инаку влезе во историјата како најнаградуваната жена, со вкупно 23 Американски музички награди.