Тесла Модел 3 ќе користи магнетен мотор со редок ресурс од Кина


Автомобилската компанија Тесла предизвика скок на побарувачката за неодимиум, откако најави дека магнетните мотори што ги користи за својот Модел 3 ќе го користат овој редок метал.

Кина е главен производител на неодимиум, поради што Тесла досега одбегнуваше да го користи во своите мотори, стравувајќи дека ќе се изложи на опасноста да остане без доволно количество од овој ресурс. Но, употребата на магнетни мотори од страна на повеќе други произведувачи ја натера американската компанија да се сврти кон неодимиумот.

Магнетните мотори се полесни и поиздржливи од индукциските мотори кои користат бакарни навојки.

Во 2015 година Кина воведе строги ограничувања на извозот на неодмиум со што покажа дека може да ја диктира цената на металот и да им диктира услови на автомобилските компании кои сакаат да промовираат електрични возила. Тојота најави дека место неодимиум ќе користи ги поефтините ретки метали лантанум и цериум, кои се и полесно достапни.