Тереза Меј останува лидер на британските конзервативци


Британската премиерка Тереза Меј го преживеа гласањето за доверба во Конзервативната партија со 200 гласа за наспроти 117 против. Таа останува лидер на британските конзервативци и ќе го продолжи процесот на Договорот со ЕУ за Брегзит на што се спротивуваа нејзините сопартијци кои го покренаа гласањето доверба.

Претходно, Тереза Меј, во последниот обид да ја обезбеди поддршката меѓу пратениците од Конзервативната партија, изјави дека планира да ја напушти функцијата пред парламентарните избори во 2022 година.

– Таа рече дека нема да се кандидира во 2022 година, изјави конзервативецот Алек Шелбрук.

Меј се обрати на Комитетот 1922, орган задолжен за внатрепната организација на Конзервативната партија пред гласањето недоверба, покренато од противниците на Договорот кој таа го постигна со ЕУ за Брегзит.