Тер Штеген ги посочи најдобрите пет голмани во светот


Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ги посочи петте најдобри на оваа позиција во светот.

Во листата на Германецот се најде името на сонародникот Мануел Ноер од Баерн Минхен, а останатите, истакнати од Тер Штеген, се 40-годишната легенда на Џанлуиџи Буфон од Јувентус, шпанскиот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа и двајца Бразилци – Алисон од Рома и Едерсон Мораеш од Манчестер Сити.

– Де Хеа, Ноер, Буфон, Алисон и Едерсон. Не можам да кажам кој е најдобар меѓу нив, бидејќи секој од нив си има свој стил на игра и се претставува многу добро во тимот, изјави Тер Штеген.

Интересно за одбележување е дека Германецот пропушти имиња како тоа на Белгиецот Тибо Куртуа и Словакот Јан Облак, кои бранат соодветно за Челзи и Атлетико Мадрид.

Самиот Тер Штеген, исто така, е сметан од многумина за еден од најдобрите на својот пост.