Тевдовски: Преку 30 милиони евра за локални проекти во Битола


Министерот за финансиии Драган Тевдовски најави повеќе локални проекти за општина Битола, за време на трибината која денеска се одржа во овој град со наслов „Фер општество-шанса за сите“. До крајот на годината, рече Тевдовски, се очекува почеток на изградбата на Пречистителна станица Битола, а во текот на годината треба да заврши изградбата на уличната инфраструктура на населбите АРМ 1 и АРМ 2, односно кај поранешната касарна.

-Кон крајот на годинава се очекува да започне изградбата на Пречистителна станица во Битола, како и проширување и реконструкција на канализационата мрежа во Битола. Станува збор за инвестиција од околу 28 милиони евра, од кои 21 милион евра ќе бидат обезбедени се грант средства од Европската унија, преку ИПА фондовите. Преку овој проект ќе се изгради нова пречистителна станица за отпадни води, која ќе биде со капацитет за околу 113.000 жители. Исто така, ќе се изградат приближно 9 километри нова канализациона мрежа, реконструкцијана 13 километри од постојаната мрежа и три нови пре-пумнпнистаници, истакна Тевдовски на трибината пред битолчани.

Посочи и дека преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европска унија, во тек е изградба на улици во населбите АРМ 1 и АРМ 2, или областа на поранешна касарна.

-Се градат 17 улици во новите населби во Битола, и тоа во АРМ 1, се градат 11 улици и паркинг и во АРМ-2 се градат уште 6 улици. Вредноста на проектот е околу 2 милиони евра, а треба да заврши во 2019 година. На сите улици предвидена е изградба на водоводна линија, атмосферска канализација, улично осветлување и сите приклучоци до градежните парцели. Улиците овозможуваат комуникација на луѓето до индивидуалните парцели и до хотелскиот комплекс. Директни корисници од проектот се околу 15.000 жители, кои се очекуваат да живеат и да работат на локацијата, особено млади луѓе. Индиректни корисници на проектот се сите жители од општина Битола, посочи Тевдовски и потсети дека во овие две години значително се зголемува вработеноста во државата,односно во овие две години вработеноста е зголемена за 28.000 нови работни места, а само во Битола во овие две години вработени отворени се околу 3.000 нови работни места.