Тајната соба на Микеланџело: Славниот уметник два месеца се криел во подземна соба


Микеланџело Буонароти во 1530 година поминал два месеца криејќи се во соба од моќното семејство Медичи. Собата се наоѓа под базиликата на св. Лоренс во Фиренца. Микеланџело стравувал од спротивставените ставови на Медичи, затоа се повлекол и почнал да креира од внатрешноста на ѕидовите на оваа просторија.

Собата е откриена 1975 година, кога кустосот на музејот барал нов излез за потенцијалните посетители.

„Сакаме тајната соба на Микеланџело да ја отвориме за јавноста за да ја покажеме работата и начинот на живот на еден гениј, но дотогаш имаме уште многу работа“, вели Паоло Дал Погето, директор на музејот.
Според написите на италијанските медиуми, собата ќе биде првпат отворена за јавноста во 2020 година.