Танцовиот театар во Љубљана: Рисима Рисимкин кореографка на новата премиера „Орландина“


Викендов во Танцовиот театар на Љубљана (Плесни театар Љубљана) се одржа премиерата на соло претставата „Орландина“, која

нашата позната кореографка Рисима Рисимкин ја подготви за една од најдобрите словенечки современи танчерки  Росана Хрибар.

„Орландина“ е претстава посветена на Росана Хрибар и времето.

Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, претставата „Орландина“ така насловена од кореографката, е интимна приказна на танчер, раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар.

Росна Хрибар е една од најзначајните и најпознати танчери на словенечката современа танцова сцена од 10970 години наваму. Се школува

на Танцовата академија во Љубљана, магистрира со „Уметноста на движењата“ на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана. Во изминатите две декади Росана Хрибар соработува како танчер и короеграф со скоро сите значајни словенечки кореографи, театарски

режисери и различни современи танцови ансамбли, во Словенија и во странство. Добитник е на „Трдиновата награда“ на градот Ново Место за

значјани достигнувања во областа на современиот танц во 2008 година, како и на „Жупанчич наградата“, највисокото уметничко признание на

Градот Љубљана во 2001 година и на највисокото национално признание за врвни уметнички дострели, државната награда  „Прешернова награда“ во

2015 година.

Кореографката Рисимкин доби покана за оваа соработка, лично од Росана Хрибар, која минатата година ја виде нејзината кореографија „Котел“ со

Скопеј танцовиот театар и „Р:Е.М. – Низа од соништа“ со кинеската современа танцова компанија „Нине Данце Тхеатер“ од Пекинг.

На претставата работеше и композиторот Тони Китановски, кој направи нова, оригинална музика за претставата, како и извонредниот Алан Хранителј, костимограф с светска кариера, кој меѓу другото работел и за „Цурљуе ду Солеил“.

 

Фото: Драго Видемшек