Стинг: Не ме интересираат успесите на англиската репрезентација


Германија – Британскиот музичар Стинг во кусо интервју за германскиот весник „Велт ам Сонтаг“ изјави дека не го засега успехот на англиската репрезентација, и повеќе го сака клупскиот фудбал отколку „националистичкиои турнир организиран од корумпираната ФИФА“.

Поранешниот член на бендот „Полис“ и ревносен навивач на Њукасл, ги изненади Англичаните со својата изјава со којашто без двоумење ја обвини ФИФА за корумпираност.

– Повеќе сакам да гледам клупски фудбал. Светското првенство е обележано со национализам, вели тој, истакнувајќи дека не е баш среќен поради одлуката ФИФА да ја додели организацијата на Русија.

– Тоа беше фарса, по кандидатурата се појави човек по име Путин и ги среди работите, додава ѕвездата.

Англија во саботата ја победи Шведска и се пласираше во полуфинале првпат по 1990 година. Натпреварот против Хрватска е в среда.