СП 2018: Мексико ја порази Јужна Кореја


Русија–  Мексико убедливо ја совлада Јужна Кореја со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија.

Мексико поведе со 1:0 во 26-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Карлос Вела.

Во вториот дел прецизен беше Хавиер Хернандес и во 66-та минута донесе водство од 2:0.

Јужна Кореја со голот на Сон Хеунг-мин успеа да ја намали разликата во судиското продолжение и во 93-та минута ги постави конечните 2:1.

Мексиканската репрезентација со оваа победата има шест бодови и е прва во групата, а Јужна Кореја останува без бодови и без никакви шанси за понатамошен пласман.

Во рамките на оваа група вечерва се соочуваат Шведска, која има три, и Германија, која се уште нема бодови.