Сметка


ЛЕЈЛА САБИТ

 

Во банка, жиро или фискална.

Ви стига на адреса или онлајн.

Секој ден, месечно, годишно, а некои цел живот.

Какви сметки, таков живот.

Зависи дали ги плаќате, ги трупате, ги криете, се занимавате со туѓа сметка, водите сметка или полагате сметка.

Дали живеете со чисти или со нерасчистени сметки.

Дали ја користите за нормален живот, трошење или за штедење.

Може да ви го продолжи или скрати, разубави или загорчи животот.

Да ви создаде пријатели или непријатели.

Да ве направи богат или сиромав.

Чесен или криминалец.

Зависи дали го почитувате законот, дали сте над законот или го кршите.

Во Македонија:

Најчесто се живее на туѓа сметка.

Не се води сметка за туѓ живот, чиста средина или повисок стандард.

Избраните (не) полагаат сметки пред граѓаните.

Одвреме-навреме ви се закануваат со извршител за неплатени сметки.

Се кријат сметки во оф шор банки.

Некои, пак, сметки завршуваат во фиоки.

С# се враќа, с# се плаќа.

Особено нерасчистените сметки во животот, во љубовта и во политиката.

Ви посакувам убавa есен со чисти сметки.