„Слушни ме со срце“ – хуманитарен концерт во чест на Меѓународниот ден на детето


По повод 1 јуни, Меѓународен ден на детето се организира хуманитарен концерт денеска со почеток во 18 часот во Македонската филхармонија.

Концертот насловен како „Слушни ме со срце“ е во организација на „Македонија добредојде“ центарот заедно со амбасадите од Унгарија, Јапонија, Србија и Шведска во соработка со македонската филхрамонија.

Настанот ќе трае еден час, а учество ќе земат Сузана Гурина на флејта од Унгарија, Јури Нарита на пијано од Јапонија, Елена Атанасовска – Ивановска на пијано од Македонија, Лилјана Миловановиќ – Јовановиќ сопран од Србија и Билјана Стефансон сопран од Шведска.