Скопско лето: Изложба на британскиот уметник Данкан Хигинс


Дирекцијата за култура и уметност-Скопје во соработка со ЗГ Доминиум Културно јадро, вечер во Музеј на Град Скопје во рамки на „Скопско лето“

организира изложба „Долу на фармата“ од британскиот уметник Данкан Хигинс.

– Проектот тргнува каде што очите никогаш не гледаат. Тоа е дел од автобиографија, дел од одговор на културата и дел собрани сведоштва изградени преку преплетена полифонична форма на слики, наведуваат организаторите.

Данкан Хигинс е ликовен уметник од Шефилд, Обединетото Кралство. Професор е по ликовна уметност на Академијата за уметност и дизајн во Берген, Норвешка, и професор по визуелна уметност на Трент универзитетот во Нотингем, Велика Британија.