Скапароти: Русија има корист од несогласувањето меѓу Турција и НАТО


Русија има корист од политичките несогласувања меѓу Турција и нејзините сојузници од НАТО, оцени командантот на Здружените сили на Алијансата во Европа, генерал Кертис Скапароти во писмена изјава до Комисијата за воени прашања во американскиот Сенат.

– Русија има корист од политичките спорови меѓу Турција и сојузниците од НАТО, кои може да ги искористи со цел да ја поткопа довербата и единството, смета американскиот генерал.

Скапароти ја уверува сенатската Комисија дека европската команда на НАТО „ќе ги заштити и зајакне односите“ меѓу Анкара и Вашингтон.

Генералот потенцира дека Турција во моментов се соочува со два главни предизвика во областа на безбедноста – субверзивното делување од страна на Русија и терористичката закана од Исламската држава“.