Симона Угриновска е нов в.д. директор на МНТ
По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска која, согласно со законот, е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.
– Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите инститции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Драган Спасов поднесе оставка и Министерството му ја прифати откако на 30 јануари со возило повреди пешак.