Силувано 10-годишно девојче во Виница
Десетгодишно девојче било силувано во Виница од страна на момчето на нејзината мајка. Триесет и тригодишната жена по потекло од Штип на 16 декември во полицијата во Виница пријавила дека А.Х (22) со кого живеела во вонбрачна заедница ја силувал нејзината ќерка.
По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт.
А.Х. од Виница изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.