Се подготвува јануарска „распродажба“ во Барселона
Шпанскиот гигант Барселона во претстојниот зимски (јаунарски) преоден рок, најверојатно ќе ја напуштат пет-шест играчи.
Како што пишува шпанскиот весник „Спорт“, претседателот на клубот Јосеп Мариа Бартомеу побарал со финансискиот и о спортскиот директот Пеп Сегура и Тскар Грау, да ослободат ден од финансиските средства на клубот, за зимскиот преоден период.
Каталонскиот клуб веќе најави дека на „Камп Ноу“ сака да го донесе фудбалерот на Арсенал, Менсут Озил за сума од 20 милиони евра. Но, затоа ќе мора да бидат обезбедени средства, а тоа најлесно ќе биде направено преку распродажба на играчи. Прв на излезна врата е Турчинот, Арда Туран кму му остануваат 18 месеци од договорот, а добива 8.2 милиони евра по сезона. Португалецот, Андре Гомеш веќе е во преговори со неколку италијански екипи.
На неофицијалната листата се и Алекс Видал кој има понуди од шпански екипи, Денис Суарез кого го сака Неапол, а можност за трансфер во Серија А, како и Пако Алкасер кој во моментов заработува 5 милиони евра, а е далеку од плановите на тренерот Ернесто Валверде.
Покрај, Озил, раководството на Барселона, веќе сериозно разговара и за ангажман на Лукас Тусар од Олимпик Лион.