СДСМ: Трет ден ВМРО-ДПМНЕ шири стари лажни вести


СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трет ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рециклирано ширење на стари лажни вести во јавноста, обидувајќи се да пласира потрошени и лажни случаи, притоа губејќи секаков реален колосек на политичката сцена. Јавноста добро памети дека токму во Струмица ВМРО-ДПМНЕ ги вршеше најсилните и најниски видови на притисоци, закани и уцени пред секои избори, а за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Струмица беше претворена во епицентар на инспекции и проверки, со што, после сите контроли, инспекциите не успеваа да пронајдат ништо незаконско“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според СДСМ опозициската партја не може да се помири со транспарентното и одговорно работење на владата и затоа трет ден очајнички се обидува да манипулира со стари, потрошени и измислени случаи.