Сајмон Ле Бон од „Дуран Дуран“ обвинет за сексуално вознемирување


САД– Сајмон Ле Бон , пејачот на култната поп-група од 80-тите  „Дуран Дуран“ е обвинет за сексуално вознемирување. Жртвата, Шерен Харири тврди дека Ле Бон ја допрел за гениталиите во 1995 година за време на потпишување на автограми во продавница за плочи.

Харири нема судски да го тужи ниту бара материјална оштета, освен признание од пејачот за стореното дело.

Сајмон, татко на две ќерки, ги негира обвинувањата.