Сашко Насев назначен за директор на македонскиот КИЦ во Софија
Писателот Сашко Насев е назначен од Владата за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар.
Насев е еден од најплодните драмски писатели во Македонија. Негови дела е „Грев или шприцер“ и „Чија си“. Во минатото ја извршуваше функцијата амбасадор на Република Македонија во Канада.