Саудискиот функционер отпуштен за случајот Кашоги, надгледувал тортура врз активистки за човекови права
Жената, како и уште најмалку три други активисти, биле подложени на сексуално малтретирање, мачење со струја и камшикување, во периодот од мај до август во „неофицијален“ центар за притвор во Џеда. Мачењата ги извршувала група од шест мажи кои се разликувале од оние кои рутински ги испрашувале притворените жени и биле вработени во саудиската Федерација за компјутерска безбедност, програмирање и дронови. Во тоа време таа беше предводена од Ал Катани. Тој лично присуствувал на најмалку едно од мачењата.
Жените биле уапсени врз основа на обвиненија дека ќе и наштетат на националната безбедност и стабилност, изјави друг официјален претставник на саудиското кралство.
Тој исто така тврдел дека правата на жените биле почитувани и оти добивале медицинска и социјална помош, имале посети од страна на семејствата, и имале право на адвокат. Жените биле дел од 11 влијателни активистки од кои осум се уште се во притвор, а меѓу нив се и жените за кои се тврди дека биле мачени.