Сара Мејс ќе стане мајка


Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс ќе стане мајка. Со сопругот, водителот Димитар Атанасовски, не го откриваат полот на детето. Веста молскавично се прошири низ медиумите откако Мејс, се трудеше под широката долга кошула да го затскирие нараснатото трудничко стомаче на гостувањето во емисијата „Стисни плеј“ кај Александра Јовановска на МТВ.

Двојката се венчаше минатото лето и правеше голема забава која прерасна во журка.

Бунтовната дама на македонската естрада, препознатлива со својата необична фризура, тетоважите и необичниот стил на облекување, се радува на улогата на мајка. Вели, ги издржала мачнините во првото тромесечје, сега може пополека да се подготвува за новите родителски предизвици.

На естрадата е над пет години. Почна со дуетот “Цимерки”, препознатлива по хитовите Врне врне“, „Сон“, „Намбареја“…Ангажирана е како харфистка во МОБ.