Савески до Богоевски: Наводно си независен пратеник (Видео)


Во синоќешната „Анализа“ на ТВ 24 се одржа жестока дебата меѓу Павле Богоевски и Здравко Савески, поранешни учесници во „Шарената револуција“.

Сега двајцата се на различни страни, Богоевски е пратеник, а Савески е во „Левица“.

Тие дебатираа и за актуелните политики на новата власт и колку тие се „левичарски“ или пак се на страната на фаворизирањето на крупниот капитал и бизнисот, а не на работниците и синдикатите.

-Треба да дојде до промена на економските политики на Груевски. Не сакате да го чепнете богатството во мал број раце оти тие ви се финансиерите – рече Савески.

Тој обвини дека Богоевски не е е независен пратеник, туку редовно гласа за политиките на СДСМ. На ова, Богоевски врати дека е независен во рамки на коалицијата предводена од СДСМ, што не значи дека е „слободен стрелец“.

– Кога има збор на повеќе различни страни, нужно е да има решение кое е компромисно, иначе таа заедница ќе се распадне. Одговорноста која ја носиме и тоа како значи правење на компромис се додека се обидуваш да останеш верен на своите принципи. Тие несогласувања остануваат внатре во коалицијата. Затоа не ги гледаш – одговори Богоевски.

Дебатата погледнете ја во видеото: