Руски фудбалери претепаа државен функционер
Руските фудбалери Александер Кокорин и Павел Мамаев во кафуле во Москва физички го нападнале Денис Пак, висок функционер во руското Министерство за индустрија и трговија.
Кокорин го удрил Пак со столица во глава, а снимката од инцидентот набргу се појави на социјалните мрежи и фудбалерите ќе бидат кривично гонети.
Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Алаев, истакна дека законот е ист за сите и дека виновниците ќе добијат заслужена казна.
– Сигурен сум дека Министерството за внатрешни работи ќе спроведе детална истрага и ќе утврди соодветни казни за овој инцидент, наведе Алаев.
Причината за нападот се уште официјално не е соопштена, но според руските медиуми најверојатно е од расистички побуди бидејќи Пак има азиско потекло.
Ако Кокорин и Мамаев бидат прогласени за виновни може да добијат откази од нивните клубови Зенит и Краснодар, но и да бидат исфрлени од руската репрезентација, а во најлош случај можат да се соочат со затворска казна од пет години.