Русија ќе го намали производството на нафта
Рускиот министер за енергетика Александер Новак најави дека државата постепено ќе го намалува производството на нафта.
Во првата фаза производството на нафта ќе биде намалено за 50.000 барели дневно.
Руското намалување на производството на нафта е во согласност со минатонеделниот Договор постигнат на средбата на претставвниците на Организацијата на производители и извозници на нафта (ОПЕК).
– Планот за намалување на производството на нафта е подготвен и очекуваме негова примена уште од јануари следната година, посочи Новак.
На состанокот на ОПЕК во Виена, што се одржа на 7 декември, земјите членки се договорија за полугодишно намалување на производството на нафта, а најголема намалување најави Саудиска Арабија и тоа за половина милион барели дневно.