Русија: Имаме докази дека Британија е вмешана во наводниот хемиски напад во Дума


Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека има докази дека Велика Британија е вмешана во организирање на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума во минатиот викенд.

– Имаме доказ кој покажува дека Британија директно е вмешана во организирање на таа провокација во источна Гута, изјави Игор Конашенков, портпарол на МО на Русија.

Тој рече дека министерството пронашло луѓе кои учествувале во снимањето на хемискиот напад во Дума и дека укажале како е напраена снимката. Според него, Лондон во периодот од 3 до 6 април вршел притисок врз претставници на Белите шлемови да побрзаат со извршување на планираната провокација.