Романскиот филм „Не допирај ме“ освои „Златна мечка“ на Берлинале
Филмот „„Не допирај ме“ на романската режисерка Адина Пинтилие, ја освои наградата за најдобар филм „Златна мечка“ на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.Филмот е заеднички проект на кинематографи од Романија, Германија, Чешка, Бугарија и Франција, а станува збор за експериментален филмски проект кој ја доби награда и за најдобар дебитантски филм на Берлиналето. „Не допирај ме“, инаку, ги следи искуствата на една жена којашто минува низ различни сексуални терапии.
Претседателот на годинешното жиро, германскиот режисер Тоим Тикер пред прогласувањето на победникот изјави дека жирито оваа година не го прогласи најдобриот филм „според актуелните синеастички критериуми, туку според тоа на каде филмот оди“.
Големата награда на жирито ја доби филмот „Шолја“на режисерката Малгоржата Шумовска. Себрената мечка за најдобра режија ја доби американскиот режисер Вес Андерсон за анимираниот филм „Остров на кучиња“, а наградата Алфред Бауер за филм кој отвора нови перспективи ја доби Марсело Мартинеси за филмот „Наследнички“.
Наградата за најдобар актер ја доби Французинот Антони Бажон, кој игра тинејџер наркозависник во драмата „Молитва“ на режисерот Седрик Кан, додека признанието за најдобра женска улога ѝ беше доделена на 68-годишната Ана Брун во парагвајско-уругвајската копродукција „Наследнички“.
Наградата за на жирито за најдобро сценарио го добија Мануел Алкала и Алонсо Руизпаласиос за мексиканскиот фил, „Музеј“. Сребрената мечка за извонреден уметнички придонес го доби Русинката Елена Окопнај за костимиграфијата и продукцискиот дизајн на руско-полско-спрската копродукција „Довлатов“.