„Рибја чорба“ во Крива Паланка на седмото издание на „Џојфест“


На седмото издание на музичкиот фетивал „Џојфест“ во Крива Паланка кое ќе се одржи на 25 август ќе настапи Српскиот рок-состав „Рибја чорба“.

Фестивалската програма на „Џојфест 2018“ ќе започне во 20 часот и 30 минути, а настанот ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка.

Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Михајловски, најави уште едно незаборавно дружење, позитивна атмосфера и добра забава.

– Ова е седмо издание на фестивалот кој најпрвин ја вастапува македонската музика, со надополнување на програма со странски изведувачи. Досега за седум години настапиле четири странски изведувачи, а над триесетина македонски артисти. И годинава, пред настапот на „Робја чорба“ предгрупа се Фиц , „Студени нозе“-Трансформерс бенд и локалниот кривопаланечки бенд „РГБ“, изјави Михајловски.

Рече, како и во изминатиет години, и годинава очекуваат голема посетеност и бројна публика од соседството и регионот.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, посочи дека се е подготвено за претстојните фестивалски денови во градот, а во соработка со надлежните служби ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим.

– Оваа година со одлука на седница на Советот сите локации-јавни површини во близина на плоштадот, достапни за угостители и продажба, беа отстапени на користење бесплатно. Деновиве се уредуваат интензивно и дел од јавните површини во градот за што подобро претставување на општината, со цел привелкување што поголем број туристи и публика и подобро претставување на општината, рече Мицевски. и