Ремзи се договори со Интер, тврдат во Италија


Халфот на Арсеналм Арон Ремзи ќе премине во Интер. Според „Ла Република“, агентот на 27-годишниот велшки репрезентативец се сретнал со раководството на гигантот од Милано во средата.

Договор е постигнат за трансфер на Ремзи во Интер на 1 јули 2019 година. Клубот ќе му плати на играчот од средниот ред плата од 6-7 милиони евра по сезона.

За репрезентативецот на Велс интерес покажаа Милан, Ливерпул, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона, Ремзи сними 21 натпревар за Арсенал, откако забележа 2 гола и 6 асистенции.