Рамос побара од Реал плата од 18 милиони евра годишно


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, побара зголемување на платата од клубот, информира „Ел Чирингито“. Триесет и две-годишниот фудбалер сака да добива 18 милиони евра годишно. Тоа се 8 милиони повеќе од неговата моментална плата во актуелниот договор, кој е во сила до 2020 година.

Капитенот на „белите“ игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 2005 година. За 14 години, тој зел учество во 593 натпревари за Реал на сите турнири, постигнувајќи 80 гола и 38 асистенции.

Неодамна, во натпреварот на Кралскиот клуб против Леганес во Купот, шпанскиот репрезентативец го постигна својот 100-ти гол во кариерата. Тој има 17 погодоци за Шпанија и 3 за Севиља.