Рак


ЛЕЈЛА САБИТ

Ве асоцира на море, на хороскоп и на деликатес, а никој не сака да зборува за  него во Македонија.

Сѐ уште е табу да заболиш од рак кај нас.

Не очекувате.

Не знаете.

Не препознавате.

Игнорирате.

Дознавате.

Криете.

Не зборувате.

Се плашите.

Се надевате.

Некогаш е на време.

Некогаш е доцна.

Некогаш е брзо.

Некогаш е споро.

Некогаш има среќен крај.

Некогаш има тажен крај.

Ракот зближува или разделува семејства и пријателства.

На кого му се случило, знае.

На кого не, ќе дознае.

Здравјето е како и љубовта.

Додека го имате, не го цените. Кога ќе го изгубите, патите. Некогаш кратко, а некогаш за цел живот.

Не случајно се вели, прво здравје, па с# друго!

А што правиме за здравјето ?

Не го чуваме.

Не се едуцираме.

Мислиме, не ни се случува нам.

Не учествуваме во подигањето на јавната свест.

Не ги споделуваме искуствата со други.

Еден живот имаме. Затоа треба да го цениме и одговорно да се однесуваме кон здравјето.

Ви посакувам добро здравје, во овој месец во знакот на борба против ракот на дојка!